Како денес се држат тврдењата од ковид војните?

Ковид војната трае и во оваа 2024-та година. Само што улогите сега се променети и главниот збор во ерата на вториот Трамп ќе го имаат оние кои во времето на Ентони Фаучи и администрацијата на Џо Бајден беа исмејувани како неодговорни ширачи на завери и недоверба кон институциите. Да видиме што денес се знае за пет клучни ставови околу кои толку жестоко се кршеа копјата во пандемијата. 

Џеј Батачарја (професор од Стенфорд) се приклучи на ростерот номинирани од Трамп за раководење клучни здравствени агенции и институции, луѓе чии ставови за време на пандемијата беа исмејувани од здравствените авторитети како Ентони Фаучи и Френсис Колинс.

Таму е РФ Кенеди, како и Марти Макари, хирург од Џонс Хопкинс.

Кадровските избори на Трамп го одразуваат чувството кај многумина Американци дека здравствените власти погрешно реагирале на пандемијата, особено со карантините и затворањето на училиштата.

Сега е лесно да се каже дека секое бинарно разгледување на тоа прашање е погрешно. Во време на пандемијата, немаше простор за нијанси.

Повеќето упатени денес главно мислат дека се претера со школите и рестрикциите за патување. Денес се плаќа цената за тоа претерување, преку недовербата која луѓе ја имаат во надлежните авторитети, башка неповратно изгубените искуства за детските генерации.  

Како денес се гледа на пет ставови на Батачарја и Макари за време на пандемијата, кои беа контра официјалните препораки и тврдења:

1. Држењето на учениците надвор од школите беше тешка неправда.
* Батачарја: За децата грипот е посмртоносен од ковид

Што денес викаат доказите: Долготрајното затворање на училиштата веројатно не направи значајно влијание во забавувањето на ширењето на вирусот. Училиштата можеа да работат понормално со основни заштитни мерки, покажаа студиите.

2. Природниот имунитет од претходна инфекција може да стави крај на пандемијата.
* тврдеше Макари во февруари 2021- ва

Ако вирусот не мутираше, Макари веројатно ќе беше во право дека ковидот главно ќе исчезнел до април 2021 година (иако никогаш нема да знаеме со сигурност). Но, многу виролози велеа дека мутацијата е неизбежна. Растот на ковид случаите значително забави со дистрибуција на вакцините. Бајден дури прогласи и победа но потоа следуваа варијантите Делта и Омикрон.

И Фаучи веруваше во имунитет на стадото (со помош на вакцините) но:

„Никогаш нема да имате имунитет на стадо за овој вид на вируси“, вели Џорџ Бенџамин, директор на Американското здружение за јавно здравје, за вирусите како грип, РСВ и коронавируси. „И целиот свет да беше вакциниран или претходно прележан, тие вируси сè уште ќе циркулираа.“ 

3. Задолжителните маски, особено за децата, беше грешка
* Макари, ноември 2021

Многу доктори сметаат дека носењето маски била разумна одлука, но, доказите за нивната корист се тенки.

Библиотеката Кокрејн, организација со седиште во Лондон која ги проценува рандомизираните контролни испитувања, ги прегледа студиите за маски и во 2023 година објави дека студиите „не покажале јасно намалување на респираторната вирусна инфекција“.

4. Задолжителноста на вакцинирањето и препораките за младите беа беа ненаучни.
* Макари во јуни 2021 и Батачарја во ноември истата година

До летото 2021 година, избувнувањето на болеста меѓу вакцинираните луѓе во Провинтаун, Масачусетс, покажа дека вакцинираните луѓе можат да ја носат болеста, наспроти тврдењата на Бајден и тогашниот директор на CDC Рошел Валенски дека не можат. Бидејќи вакцините не ја спречуваат инфекцијата, Батачарја тврдеше дека наложувањето на вакцинацијата е неетичка. Макари изјави дека упатството за две дози било премногу широко. Тој укажа на анализата на Џонс Хопкинс која покажа дека стапката на смртност од ковид кај децата, без претходно постоечки услови, е нула. Тој, исто така, тврдеше дека ЦДЦ недоволно ги земал предвид потенцијалните компликации од вакцината.

Врховниот суд го укина задолжителното вакцинирање во приватниот сектор во јануари 2022 година, откривајќи дека администрацијата нема моќ да го наметне. За федералните работници Бајден тоа го прекина во мај 2021 година.

Повеќето европски земји веќе не препорачуваат дополнителни годишни дози на здрави млади луѓе. САД уште ги препорачува за сите на возраст од 6 месеци па нагоре.

5. Трошоците од карантините ги надминуваат нивните придобивки
* Батачарја, октомври 2020

„Не ни требаше да ги затвораме училиштата толку долго“, вели денеска Пол Офит, пронаоѓач на вакцини и специјалист за педијатриски инфективни болести. „Децата страдаа од намалено образование, намалена социјализација. Тоа беше грешка. Веројатно истото важи и за бизнисите.“

*извор: ПОЛИТИКО

 

4 декември 2024 - 15:18