Замената на исхраната трае две недели, период во кој веќе биле видливи промени. По само 14 дена Американците имале помалку воспаленија во стомакот, додека на Африканците им се влошила состојбата на цревата.
Американците јаделе биле префрлени на диета богата со мешунки и зрнеста храна, додека Африканците јаделе бургери и помфрит.
"Замената предизвика значителни промена на клетки кои со кои се обложени цревата, како и бактериите кои живеат во утробата. Резултатите се во корист на американските доброволци," пишува уредничката за здравје на БиБиСи онлајн, Мишел Робертс.
Самите научници признаваат дека истражувањето не е доволно обемно за да се изведат цврсти заклучоци, ама резултатите се идентични со претходните истражувања. Една од поголемите студии на темата покажува дека на јапонските мигранти во Хаваи им требало само една генерација на западна диета за претходно ниската склоност кон рак на дебелото црево да го достигне високото ниво карактеристично за жителите на Хаваи.