Колбасите биле исфрлени од секојдневното мени во Германија, Австрија, Полска и северна Франција затоа што за правењето цепелини кои во периодот од 1914-1918 се користеле за напади на Британците биле потребни утроби од 250,000 крави. Внатрешните органи прво биле потопувани во вода, па растегнувани и сушени, за да се претворат во одлични спроводници и контејнери на водородод - најлесниот хемиски елемент кој овозможува цепелинот да лета.
До овие информации дошле истражувачи кои работеле на документарец за британскиот Канал 4, во документ кој го подготвил Националниот советодавен комитет за аеронаутика на САД во 1922. Меѓу другото во него се вели дека сите касапи имале обврска за собирање и предавање на остатоците од сиротите крави на властите.
Една од причините зошто цепелините биле толку популарно оружје е нивната тивкост и отпорноста на куршуми, бидејќи нивно испукување во огромен балон со водород можел евентуално да направи мало дупче, но не и поголема штета. Дури подоцна е направено оружје кое успевало да ги запали цепелините.
Нападите со овие летала не влијаеле драстично на текот и исходот на војната, но сепак убиле околу 1,500 Британци.