Рентање двособно станче во Луанда би можело да ве чини 6,800 долари месечно иако е тоа земја чиј годишен БДП е само 7,700 долари.
А листата на Мерсер на која Луанда е најскапиот град за живеење е сепак точна.
Другите градови изгледаат оправдано на ваква листа. Хонг Конг има БДП од 53.000 долари пер капита, Швајцарија е уште подобра со 57.000 а Сингапур води со БДП од 78.000 долари по човек.
На една ваква листа градови како Н'Џамена од Чад или Луанда од Ангола можат да се најдат затоа што се пресметуваат трошоците за живот за странци. Инаку, горенаведеното станче од 6.800 долари месечна кирија, локалците го наоѓаат и за помалку од 200 долари.
Кога се прави листа колку е некој град скап за странци, во игра се основните пазарни столбови: понудата и побарувачката.
Ангола е земја која цели три децении беше упропастувана од крвава граѓанска војна од која настрадаа 500.000 луѓе а целата инфраструктура беше девастирана. Благодарејќи на природните ресурси, првенствено нафтата, таа брзо закрепнуваше при што во некои години растот на БДП им изнесуваше неверојатни 23 проценти. Но, не сите сектори можат да се развиваат со иста брзина. На пример, градежништвото си бара време.
Од друга страна, не е тоа некоја пожелна дестинација за странци па ги нема многу кои решиле да живеат таму. Анголските компании тоа го компензираат со високи плати и луксузни апартмани за квалификувана работна сила од странство. Благодарејќи на таквите великодушни понуди, десетици илјади луѓе од Европа и САД имаат дојдено да живеат и работат во Ангола, помагајќи го економскиот бум на земјата кој првенствено се должи на фактот дека вадат 1,8 милиони барели нафта дневно.
Накратко, Луанда не е скап за локалци....
......но благодарејќи на економскиот развој, сè уште слабата понуда на луксузни живеалишта а се поголемата побарувачка за нив, тоа е најскапиот град на светот за странци.