Системот што го воведува Запос се нарекува холакратија и во него вработените немаат никаков директен надзор, туку тие се приклучуваат на најразлични непостојани демократски собири, што тие ги водат како кругови (водени, ама не управувани од 'главниот линк'). Во нив вработените предлагаат сопствен опис на работно место, ратификувајќи ги "улогите" на останатите, и одлучувајќи кои проекти групата треба да ги преземе.
На уривањето на класичната хиерархија се работи веќе некое време и тоа го прават сите од теоретичари, до корпорации и Пентагон.
Томас Мелоун, професор на МИТ, тврди дека ова придвижување е овозможено од "паѓањето на цената на информацијата." Во книгата од 2004-та, The Future of Work, Мелоун ја разделува историјата на организациите во 3 фази. Првата е кога е скапо да се пренесе информацијата, па сите одлуки се носат лице в лице, во мали фирми. Втората започнува со поевтинувањето на цената на информацијата кога е економски исплатливо да се испрати информација до едно, централно место од каде се носат одлуки. Ова е почетокот на големите централизирани хиерархии. Потоа следува третата фаза кога комуникацијата е толку евтина што е економски исплатливо информацијата да се пушти до сите точки, и сите се' да знаат.
Што се однесува до Запос, тие допрва треба комплетно да го имплементираат целиот систем. Пролетва, кога компанијата ја најави новата филозофија на работење, им даде време на вработените да размислат дали сакаат да бидат дел од неа или сакаат да им биде исплатена отпремнина. 210 вработени, или околу 14% ја одбраа втората опција.
Покрај сите придобивки, воведувањето на овој систем создаде и до сега непостоечки проблеми, како на пример како да се евалуира нечија работа, или како да се компензира некој што има три различни улоги (на пример грижа за корисници, планирање настани и воведување нови производи), или како да ги спречиш луѓето да се наметнуваат со моќ која повеќе ја немаат.
"Ама сега да ја прогласиш холакратијата за неуспешна е како сред Француската револуција да ја прогласиш демократијата за нефункционална. И ако холократијата во Запос не успее, што исто така може да се случи, ниту нејзините принципи не треба да бидат прогласени за мртви," пишува Џери Јусим во Атлантик.