За утврдување на трошокот на живеење низ светот банката користи низа категории од цена на кутија цигари, до просечна кирија на стан со две спални.
Просечната плата што ја земаат предвид е со одбиен данок, и таа генерално е во согласност со стандардната распределба на богатството, односно дека луѓето на Западот што се во северната хемисфера се највисоко рангирани. Редок исклучок од правилото на северот се Австралија и Нов Зеланд.
Стандардно е и тоа дека луѓето во градовите со највисока цена на живеење имаат и повисоки плати.
Најголем напредок годинава има Франкфурт каде платите изминатиов период растат по 200 долари месечно, пред се благодарејќи на тоа што заради брегзит банките го напуштаат Лондон како своја централа и се селат во германската финансиска престолнина.
Топ листата на 25 градови со највисока просечна плата (по платени даноци) е:
25. Берлин — 2.482 долари
24. Торонто — 2.519 долари
23. Хонгконг — 2.550 долари
22. Единбург — 2.565 долари
21. Оукленд, Нов Зеланд — 2.723 долари
20. Даблин — 2.762 долари
19. Париз — 2.886 долари
18. Велингтон — 2.946 долари
17. Хелсинки — 2.988 долари
16. Стокхолм — 2.999 долари
15. Токио — 3.004 долари
14. Амстердам — 3.058 долари
13. Сингапур — 3.099 долари
12. Мелбурн — 3.263 долари
11. Лондон — 3.381 долари
10. Франкфурт — 3.389 долари
9. Дубаи — 3.447 долари
8. Копенхаген — 3.462 долари
7. Чикаго — 3.650 долари
6. Осло — 3.664 долари
5. Бостон — 3.740 долари
4. Сиднеј — 3.914 долари
3. Њујорк — 4.115 долари
2. Сан Франциско — 4.974 долари
1. Цирих — 5.764 долари