Научниците од Универзитетот Калтек, објавија труд со наслов „Неподносливата бавност на постоењето: Зошто живееме со само 10 бита во секунда?“ кој се занимава со невроните во мозокот и нивната скромна брзина на обработка на информациите.
Мозокот, пресметале тие, има способност да обработува податоци со споменатата брзина, додека во исто време, сензорните системи на телото собираат податоци „тешки“ преку милијарда битови во секунда.
Како може нашето тело да функционира во реалниот свет, ако неговиот „процесор“ во мозокот ги обработува податоците 100 милиони пати побавно отколку што ги собираат „сензорите“? Како мозокот филтрира толку голема количина на податоци за да ги обработи само најпотребните?
Во мозокот има околу 85 милијарди неврони, од кои околу една третина се одговорни за обработка на податоци на високо ниво, познато како размислување. Тие се наоѓаат во кортексот и имаат пропусен опсег далеку поголем од 10 бита во секунда, но имаат и „ограничување на брзината“. Затоа човек може да размислува само за една работа во единица време.
Студијата нуди можно објаснување за овој парадокс. Според авторите, мозокот функционира во два режима. Првиот е „надворешен“, кој ги собира сите сензорни и моторни податоци од целиот нервен систем, додека „внатрешниот“ мозок обработува само внимателно избрани и филтрирани, оние најважните податоци од сите достапни, со цел да се обезбеди нормално функционирање и да го контрола целото тело.
Истражувањето сугерира дека најраните суштества со нервен систем го користеле својот мозок првенствено за навигација, барање храна и бегање од предатори. Човечкиот мозок еволуирал но сепак, она ограничување на само еден тек на мислата се чини „кодирано во архитектурата“ на мозокот.
„Нашите предци избрале еколошки сетап во кој светот е доволно бавен за да им овозможи опстанок. 10 бита во секунда всушност се неопходни само во најлошите ситуации, најчесто нашата околина се менува со многу полабаво темпо“, се наведува во статијата.
Во Македонска каменица веројатно е уште полабаво.