
Пред четврт век „озонската дупка“ беше главното име на апокалипсата која го очекуваше светот заради човечкиот придонес кон уништувањето на рамнотежата на шприродните сили.
Небото се отвора, небото ќе падне, полошо е од што мисливеме, прашање е на живот или смрт... медиумите се натпреваруваа кој похорор наслов ќе смисли за проблемот.
Глобалниот проблем предизвика глобална реакција па се презедоа предложените чекори, првенствено со светската забрана на хлорофлуорокарбонатите. Природњаците денес веруваат дека таа забрана ја спасила планетата иако истовремено има извори кои сугерираат дека озонската дуука се нема сменето по воведувањето на забраната а нејзините параметри не можат баш еднозначно да се толкуваат.
Настрана тоа, дел од научната јавност која се занимава со климата вели дека крпењето на озонскиот слој имал проблематичен ефект- во зголемување на глобалното затоплување, во најмала рака, на Антарктикот.
Самиот озон е гас од редот на оние кои предизвикуваат ефект на стаклена градина. ПОтенкиот слој на озон не само што ја редуцирање заробената топлина во регионот туку и ги раздвижи поларните движења на воздухот ветрови кои преку аеросолната влажност формираа рефлективни, облаци кои ладат.
„Тешко е да се квантифицира влијанието на глобална скала но мислам дека евиденцијара вели дека пополнувањето на дупката ќе има регионален ефект врз Антарктикот, веројатно водејќи кон негово дополнително затоплување“, наведува едно британско истражување на Антарктикот.