Текстот почнува со инквизициски политички коректен вовед "Ние, мажите, не ги сметаме мажите кои љубат други мажи дека се мажи. Ама има исклучоци. Ова се гејовите кои ја имаат заслужено нашата почит и правото во нашите очи да останат вистински мажи."
На списокот на хомосексуалци на кои им е простено, се: Стивен Фрај, Иан Меккелен, Фреди Меркјури, Роб Халфорд, Оскар Вајлд, Чак Паланик, Алан Туринг, Жан Маре, Грем Чапман и Нил Патрик Харис.
Како објаснување за прошката, тие за Фрај велат дека тој е "живо олицетворување за идејата дека човек во исто време може да биде отворено геј, но и разумна личност." На Фреди му простуваат затоа што им има "донесено толку многу убави моменти, што се подготвени се' да му простат."
Нил Патрик Харис и покрај тоа што во 2006-та објавил дека е среќен геј, ќе добие простување заради феноменално одиграната улога на Барни Стинсон, во која тој "на сосема ново ниво го има издигнато бркањето девојки."
Пренесувајќи ја веста, Базфид разговараат и со уредникот на руски Максим, Александар Маленков, кој тврди дека статијата е замислена како пародија, "што не е јасно од самата статија." Американската верзија на Максим инстантно јавно ја осуди статијата, порачувајќи дека таа е комплетно спротивна на нивните гледишта.