Мамурлак од храна и твојот стомак

Има нешто што се вика "мамурлак од храна" и се случува кога не ги следиш сигналите од организмот, а во основа е твоето тело како ти кажува дека си згрешил со тоа што си го изел.

"Реакцијата може да се движи од заситеност до прејаденост до непријатност вклучително и гадење. Вишокот или недостатокот на хранливи материи предизвикуваат непријатност, како и вишокот токсини," објаснува професорот Фред Провенза од Јута Стејт Универзитетот кој цел живот го изучува нутриционизмот кај животните.

Во книгата Дорито ефект, новинарот Марк Шацкер објаснува како во природата животните ги користат вкусовите како посредници до нутрициониститчките потреби. Истото ова се случува и кај луѓето се додека не се појавија вештачките вкусови и адитиви.

Сега проблемот е што вештачките вкусови ни го имаат нарушено целиот систем на вредности па повеќе не можеме правилно да го следиме вкусот во потрагата во хранливи состојки бидејќи адитивите го наведуваат внатрешниот радар на храна која ја посакуваме, ама ја нема нуриционистичката вредност што ни треба.

"Чувството на заситеност се јавува кога животните внесуваат соодветни видови и количини на хранливи состојки, и животните стекнуваат склоност кон храна која предизвикува заситеност. Непријатните чувства на физичка неудобност се предизвикани од вишокот хранливи состојки и токсини и дефицит на хранливи материјали, а животните развиваат аверзија кон храна која предизвикува нелагодност. Што претставува вишок и дефицит зависи од морфологијата, хранливите потреби и физиологијата на секое животно," пишува Провенза во едно свое истражување.

Проблемот со вештачките вкусови е што целата преработена храна денес има силен вкус, меѓутоа тој вкус нема никаква врска со хранливата вредност на храната што ја внесуваме.

"Додадените вкусови ја прават храната повкусна отколку што таа заслужува да биде. Стави го вкусот од боровница во зашеќерена вода и одеднаш имаш вкусен овошен пијалак на кое ниту едно дете не може да му одолее, а преку него добива премногу калории," објаснува Провенза.

4 август 2015 - 17:09