Франција забрани вегански фори

Или е сланина или е нешто вегетаријанско, и како сакаат нека го решат, ама не може да биде „вегетаријанска сланина“, одлучија француските парламентарци.

Со забраната изгласана во францускиот парламент производителите на вегетаријанска замена за месо повеќе нема да смеат да користат благородни зборови како сланина, стек или колбас, за да го опишат своето богохулие.

Аргументот на предлагачот на забраната е дека производите како стекови од соја, вегански колбаси и други вегетаријански алтернативи ги наведуваат потрошувачите на погрешен заклучок. На ова претходи пресуда од 2017 од Европскиот суд на правдата според која производи од соја и тофу не може да се продаваат и рекламираат како млеко и путер.

„Важно е да ги спречиме лажните тврдења. Нашите производи мора да бидат прецизно означени: термини како сирење и стек ќе бидат резервирани за производи од животинско потекло,“ напиша на Твитер предлагачот Жан-Батист Моро.

Истите правила ќе важат и за вегетаријански и вегански производи обележани како алтернатива на млечни производи. Казните за прекршувањето на забраната се движат до 300.000 евра.

****

indecision indecision

indecision
indecision
indecision
indecision
indecision
indecision
indecision
indecision
indecision

20 април 2018 - 11:11