Џејми Оливер ќе настрада од џанк фуд?

Ако познатиот британски готвач и промотор на здрава исхрана Џејми Оливер мислеше дека неговиот бунт против американската џанк фуд култура ќе мине без последици, дебело се излажал. Изразена во долари, таквата дебелина може да тежи 1,2 милијарди долари!

Џејми Оливер е првообвинетиот во тужбата на еден месарски гигант од САД кој на 257 страни објаснува зошто селебрити готвачот ги довел во заблуда потрошувачите и на компанијата им нанел штета од стотици милиони долари.

Се работи за времето кога Оливер сакаше да ги смени прехрамбените навики на Американците и да ги одврати од брзата храна. Среде тој циклус Оливер прв проговори за тнр "pink slime", процесирано месо кое се добива на не баш симпатичен начин: се користи силна центрифуга за да се одделат ситните парчиња месо и жили од скелетот на животното а потоа добиената смеса се третира со амоњак. Таквото месо масовно се користи за изработка на виршли, хамбургери и слични производи.

Фрлената коска од Оливер ја презедоа првенствено Еј Би Си но и други медиуми па едно време владееше вистинска паника во која големи ланци супермаркети беа принудени да ги вадат производите кои содржат вака процесирано месо.

Beef Products Inc, компанијата која ги тужи Оливер и Еј Би Си, доживеала пад на продажбата од 80 проценти поради што затворила три големи кланици, отпуштила од работа 700 луѓе и претрпела штети од 20 милиони месечно.

 

16 септември 2012 - 09:21