Глобалниот силеџија не се крие

Од милион музичко-филмски-литературни причини, никогаш нема да престанеме да ја сакаме Америка. Ама дека таа држава е злотвор, злотвор е. Постои нешто што се вика меѓународен поредок, така? На таа - и онака тенка - плетка, се заснова надежта дека во светов сепак постојат некои правила и дека нема сите да отидеме у мајчину. Една од клучните алки во тој поредок се вика Меѓународен кривичен суд (оној во Хаг), така?

Да потсетиме каква порака имаа САД за судиите на овој суд. Во име на САД пораката до Хаг ја праќа Џон Болтон, национален советник за безбедност. Најбрутално, најсељачки:

Ќе одговориме на Меѓународниот кривичен суд и неговиот персонал максимално колку што дозволува американскиот закон. 

Ќе им забраниме на нивните судии и обвинители да влезат во САД.

Ќе ги санкционираме нивните фондови преку американскиот финансиски систем и ќе ги гониме според американскиот кривичен систем.

Тоа истото ќе го направиме со секоја компанија или држава која му помага на Судот во негови истраги на Американци.

Лани во март, Меѓународниот кривичен суд „храбро“ покрена налог за апсење на Владимир Путин. Има логика, нели?

Меѓународен поредок, си го питам.

************

За Џон Болтон, види и:

Како медиумите ја хушкаат Америка на војна со Иран

На Џон Болтон му е срам колку малку Иран би платил за негов атентат

Никој не е задоволен кoлку му се цени трудот

Оганот во кој изгоре една „хуманитарна“ лага

„Касандра“, сапуница која ќе заврши или ќе пукне?

Гуаидо не смее во странство, Мадуро не може со нафта

7 март 2024 - 10:54