„Како човек што помагал да се планираат државни удари - не овде, на други места - тоа знае да испадне многу работа“, му се пожали Џон Болтон на Џејк Тапер од CNN. Во меѓународната дипломатија Болтон важи за насилник. На шефот на комисијата за инспекција на хемиско оружје во Ирак му има кажано: „Знаеме каде ти живеат децата.“ Багра со дипломатски имунитет.