Луѓето треба да научат паралелно да паркираат и тоа е нешто клучно што мора да се знае за урбано преживување, ама бесцелно е ова да се полага на тестот за возачка, "одзема премногу време и никој не загинал возејќи 5 км/ч."
Изградена во Полска, смислена од шпанското архитектонско студио Барози Веига, салата на филхармонијата во Шчеќин ја добива годинешната награда за архитектура на Европската Унија. Кога нас би не прашале како што не нè прашуваат со две раце би биле за Италијанците.
Кинезите се очајни да ја мрднат од мртва точка продажбата на сите оние амбициозни, а сега дух населби што речиси секој кинески град ги изгради во својата периферија. Во очајот одлучија да најмат странци што ќе глумат жители на населбите.
Новиот отворен базен во срцето на Лондон нема да биде полн со кристално чиста и небесно сина боја. Луѓето во него ќе пливаат покрај треви и по некоја жаба. Нешто слично како како кај нас во езерцето во парк, само што никој нема да добие краста.
Го знаете оној ужасен момент кога оној до вашето седиште ќе рашири тоа нозете и ќе ве допре со тоа ужасните бутини? Нема кој тоа не го доживеал, дури и дама како Хелен Мирен.
Том Мејн, архитект од Лос Анџелес, објави дека ќе ја гради највисоката кула во Европа. Локација, селото Валс во Швајцарија, со вкупна популација од 1.000 жители.
На саемот во Шарм ел-Шеик египетскиот министер за домување ги објави плановите за изградба на новиот главен град на Египет, кој ќе биде сместен меѓу Каиро и Суецкиот канал, ќе чини 45 милијарди долари а со проектот ќе раководи првиот човек зад изградбата на Бурџ Калифа.
Подобро и не можеше да биде склопено "перфектна комбинација на страв и претерана самоувереност предизвикува опасна ескалација од мали инциденти." Темата е возење и гнев зад волан.
Велосипедската мека и официјално има премногу велосипеди а (веќе) премалку слободен простор каде би можеле истите да се паркираат. Ова не значи дека ќе се откажат од велосипеди, туку дека ќе копаат паркинзи под вода.
Изборот го прави АрчДејли, а во него околу 30.000 архитекти и ентузијасти учествуваат во процесот на избирање на 70 финалисти од 3.000 номинации, а потоа и во избирање на победници во 14 категории.
Со голема поддршка од градоначалникот, Борис Џонсон, градските власти го прифатија предлогот за велосипедски автопат со должина од 29 километри, што ќе минува низ цел Лондон.
И кај нас дојде таа шема, енергетски пасоши, енергетски ефикасни фасади... Во превод, тоа главно значи да се залепи стиропор на фасадата. Во Норвешка е малку поинаку.
Се гради Скопје на Коце, се гради и Лондон на Борис Џонсон. Гардијан реши да го почасти градоначалникот и архитектите со пар совет за оваа година. Некои од советите не одговараат за кај нас, некои одговараат многу, а за некои е доцна.
Римскиот Пантеон е изграден во 2-от век од нашата ера, и во основа е масивна бетонска зграда покриена со 43 метри висока купола, и како таков речиси 2000 години пркоси на се и сешто што се случува во Рим.
Френк Гери го сметаат за најславниот жив архитект на светот, ама го сметаат и за најлошиот жив архитект на светот. Нему многу многу не му е гајле за што го сметаат, само сака да го остават на раат.
Велосипедисти од Латвија еден ден на своите сограѓани ефектно им покажаа колку скромни барања имаат од градот и како би изгледало кога тие би зафаќале простор колку автомобилите.
Слика од белата внатрешност на центарот Хајдар Алиев (во Азербејџан) е прогласена за архитектонска фотографија на годината на Фестивалот на светска архитектура. Фотографираната зграда е дело на Заха Хадид.
Изграден во Каракас во 60-те и замислен е како "драјв-ин" трговски центар. Замислата се претвора во кошмар откако проектот се закачува на речиси секоја можна препрека по пат, па судбината му се движи од седиште на тајната полиција до дувло за нарко-трговија и проституција.
Нова зграда во Њујорк (од скапите) доаѓа со вкупно 10 подземни паркинг места, по цена за метар квадратен поскапа отколку метар квадратен во становите што ги продава. Се на се, 1 паркинг место = 1 милион долари.
Во случајов, велосипедска лента е една од лентите на булевар, која е сосема оградена од останатиот сообраќај со уште една заштитна лента. И по официјални њујоршки искуства сето ова функционира и има ќар по основа на (сечија) безбедност и брзина.
Има кули, водопади и толпа продавници, кои се простираат на површина два пати поголема од Ватикан, ова е најновиот и најголемиот трговски центар во Дубаи и во светот - The Mall of the World.
Доколку градот успее да го оствари својот план, до 2025-та година Во Хелсинки би требало да заживее системот 'мобилност на барање' кој целосно би ја укинал потребата на граѓаните да поседуваат автомобил.
Американски дизајнерски студија (за индустриски дизајн), се поврзаа со американски производители на велосипеди и изработија неколку концепти за следниот модел на урбан велосипед. Публиката со гласање требаше да избере кој модел ќе почне масовно да се произведува. Тие се решија за "Denny."