Иднината на бизнис престолнината на градот им беше предадена на Bjarke Ingels, архитекти од Копенхаген, и БИГ, архитекти од Њујорк (двете компании се дел од иста групација - Bjarke Ingels Group). Останатите победници ќе се фокусираат на Бронкс, Статен Ајленд, Лонг Ајлен и Њу Џерси.
Името на проектот од 335 милиони долари е Big U, и тој предвидува изградба на периметар кој го обиколува целото подрачје на Менхетен кое беше погодено од поплавите од Сенди.
Најголемиот дел од заштитата од проектот ќе доаѓа од насипи, ама за разлика од стандардните модели, овие насипи ќе бидат "по органски," во смисла ќе бидат вградени во пејзажот. Ова е клучниот дел на целиот проект, за "заштитата да не изгледа како воена зона, туку дел од околината."
За да нема бунт од локалците, архитектите разговарале и ги анкетирале граѓаните и бизнисите на сите места на кои ќе биде изградена заштитата, за да видат што ним им е потребно од проектот. Тие се сретнале со најразлични локални организации за да најдат начин како нивниот план да добие што е можно повеќе поддршка. Како резултат на ова, кога ќе биде готов проектот, нема да има две идентични области на Big U.
Додека заштита останува примарна задача на проектот, архитектите сакаат таа да создаде и општествени нуспојави, нешто слично како што трансформацијата на напуштената пруга Хај Лајн, го создаде еден од најпознатите јавни простори во градот.
"Предлогот на Ингелс претставува промена во начинот на размислување. Историски, има дузина начини на кои урбаните планери ги подготвувале градовите за невремиња - Ингелс и неговиот тим ги индексирале сите овие уште на почетокот на проектот. На пример, по ураганот Катрина, градските власти изградиле 214 километри заштитни бедеми околу Њу Орлеанс. На некои места, тие се високи и по 16,5 метри.
Во Њујорк каде што 8 милиони луѓе постојано се во потрага по нови недвижности, оваа форма на барикадирање само би го зголемила грчот на градот. Наместо барикади околу водата, Big U би можел да креира повеќе простор на Њујорчани во очекување на плимата," пишува Маргарет Роудс во текстот за Вајард.