Целиот проблем се сведува на пари од рекламирање. Андроид отсекогаш бил спореден за Гугл во однос на бизнисот со рекламирање, кој е извор на сите пари на компанијата (истото важи и за Моторола дивизијата). На Гугл во основа не му е гајле кој оперативен систем го користите за да ги гледате неговите реклами или за да ги користите нивните сервиси, важно му е да ги користите. Гугл се истура од давање пари на Андроид најмногу за да се осигури дека има решение во случај Епл и Микрософт да се решат да ги избришат неговите сервиси од своите оперативни системи.
"Гугл не прави пари на Андроид, бидејќи е бесплатен. Тие прават пари кога луѓето ги користат сервисите на Гугл. Целта на Андроид е да направи конкуренција во смартфоните со намалување на нивните цени... бидејќи смартфоните се платформа за нивните веб сервиси," објаснува првиот човек на Стак Оверфлоу, Џоел Сполски.
Гугл Мапи се феноменално за продавање реклами, бидејќи апликациите за мапи не само што знаат каде сте во моментот, туку знаат каде одите и кој бизнис ве интересира, информации кои вредат злато за огласувачите.
Официјалниот став на Гугл, пренесен преку Даниел Граф директорот за Мобилни Гугл мапи е "нема причина зошто да си играме играчки со овие работи (оперативните системи). Целта на Гугл е да биде присутен на сите големи платформи и ние сакаме да го понудиме најдоброто можно искуство."
Во слична ситуација во 90-те беше Микрософт, кој и покрај целото ривалство со Епл продолжи да продава апликации за Мекинтош. Во тоа време Микрософт правеше повеќе пари кога некој ќе купи Мек, отколку Виндоус машина.