Германска фирма за истраги е контактирана од лица кои се заинтересирани за детали околу соборувањето на авионот над Украина. За информацијата даваат 30 милиони долари. (САД за бин-Ладен даваше 25.)
Групата има приходи од нафта, има армија и оружје, организација и хиерархија, има контрола на огромни делови од Сирија и Ирак, а сега сака да и биде признаена и државноста.
Избирајќи дали да одат по патот на некои новокомпонирани искуства (како нашиве локални) кога луѓе навиваат и го подржуваат екстремизмот, или ќе ги почитуваат начелата за мир и соживот на својата вера (како што беше во Норвешка), германските муслимани се решија на ова второто. Во петок во 2.000 германски градови муслиманите ќе излезат да протестираат против екстремизмот, ИСИС и таквото толкување на Исламот.
Запленет од умерени сириски бунтовници, преку локални посредници во Турција, магазинот Форин Полиси стига до лаптопот на Тунижанецот Мухамед С., поранешен фан на Селин Дион, сега посветен на џихад и масовно труење луѓе.
Во изминатиот четвртина век секој американски претседател излегол на телевизија во најгледаниот термин за да и каже на нацијата и на светот дека ќе го бомбардира Ирак. Вчера редот беше на Обама.
Во извештајот на Конгресната истрага за 11-ти септември недостасуваат 28 страни, кои оригинално ги имаше меѓутоа во 2002-ра по нарачка на Џорџ Буш беа отстранети и ставени во посебен таен документ, под објаснување дека тие содржат информации што ќе ги нарушат тајните операции на САД.
Неделава Боинг објави нови бројки за она што го очекува од Кина до 2033-та и тие се поголеми отколку предвидувањата пред една година. По нив на Кинезите ќе им требаат авиони во вредност од 870 милијарди долари.
На интернет се појавија неколку клипови на тема ИСИС со видео и продукциски квалитет на ниво на средношколска "wanna be" терористичка група. И покрај првиот впечаток зад целата работи стои една од најмоќните институции на светот - Стејт департманот на САД.
Доколку Кремљ и Путин ја водат својата политика врз основа на гледиштата на нобеловецот Александар Солжењицин, тогаш источна Украина е само првиот чекор во создавање нова, поголема Русија.
Сендвичара во Мунсу аква паркот во Пјонгјанг. Цена на Хамбургер 10.000 вонови, што во наши пари е некаде околу 76 долари, во нивни пари околу 4 просечни плати.
На човек кој што 20 и кусур години никој за ништо не го предизвикал, природно му доаѓа да ја ангажира полицијата за дете кое се осудило да го спомне во глобално популарна (и крајно не навредлива) кампања.
Њујорк Тајмс од Ирак ја пренесува приказната на Али Хусеин Кадим, ирачки војник и Шиит, кој во јуни беше заробен со стотици други војници. По апсењето тоа е обележан дека е Шиит и е 4-ти на ред за стрелање. На крај, наспроти сите шанси Али некако останува жив.
29-ти јуни 2014-та, ИСИС крати две букви од својот акроним, па сега е само ИС (The Islamic State) и го прогласува ал-Багдади за калиф на сите муслимани и принц на верниците. За дел од муслиманите овие титули не се само чиста номенклатура.
Згрозеноста со ИСИС ги натера Германците да прекршат ветување и пракса стара речиси 70 години, и за прв пат од Втората светска војна, да испорачаат воена опрема на една од страните во воен судир. Првиот добитник се Курдите, а пакетот е составен од најново германско оружје и опрема вредни околу 70 милиони долари.
Велт објаснува три методи со кои до сега државите решавале вакви проблеми - руски, американски и германски. Според нив, Германија треба да се држи до германскиот метод. Ама што и да се прави треба да се прави веднаш.
Заради користење сила при апсењe, користење солзавец и гумени куршуми, и сето тоа непотребно и со претерување, полицијата на Фергусон доби тужба од 41,5 милиони долари за прекршување на човековите права.
Фелата во себе е поделена на две страни кои заработуваат од овој бизнис - терористи и пирати кои киднапираат луѓе, и експерти за менаџмент на ризик и преговарачи кои се обидуваат овие луѓе да ги вратат живи. Жртвите им плаќаат на двете страни.
За разлика од Фоли кој беше убиен откако ИСИС побара откуп од 100 милиони евра, викендов е ослободен Питер Куртис, кој пред 2 години беше киднапиран во Турција. За Куртис не беше платена ни пара.
Весникот вчера објавува профил за 18-годишниот Мајкл Браун. Обидувајќи се да направи понијансирана слика за него, Тајмс успева само да го навлече гневот на сите, откако опишува дека момчето "не било ангел," формулација што низ историјата ја имаат неколку пати искористено. На пример за Ромел.
Се базира на предизвикот за АЛС, ама наместо мраз се користат руини и крш (по можност) од бомбардирана куќа на Палестинци, а целта е да се собере поддршка за Газа.