Украинските тенкови работат на руска нафта

Документите на украинската царина покажуваат дека Украина увезува се повеќе дизел од Унгарија и Турција, две држави кои во своите рафинерии масовно преработуваат руска нафта, пишува германски Ханделсблат.

Унгарски МОЛ со години има силна позиција на украинскиот пазар, меѓутоа документите од царината покажуваат дека неодамна имало значителен скок на увозот на дизел, во кој МОЛ во изминатите шест месеци за два пати ја зголемил продажбата на гориво на Украина.

„Бидејќи МОЛ преработува голем дел руска нафта, украинската воена машина сега главно работи на нејзе. Во исто време компаниите кои не користат руски суровини почнаа да губат пазарен удел во Украина, па МОЛ има конкурентска предност во однос на другите европски нафтени компании,“ пишува Ханделсблат.

Ваквата позиција на МОЛ е со амин од ЕУ, која на унгарската групација и даде специјална дозвола за да продолжи да ги снабдува своите рафинерии со руска нафта.

Освен тенковите, кои како и голем дел од воените возила имаат мотори што толерираат различни типови горива, еден од најголемите потрошувачи на украинската армија се дизел генераторите кои се клучни за целосната инфраструктура на фронтот и за снабдување на единиците со струја.

Во цивилни цели генератори се користат за надополнување на електричната мрежа која беше уништена од Русите, па сега струјата во голем број болници и други јавни установи доаѓа од дизел генератори донирани од Западот.

Весникот забележува дека и покрај војната и уништувањето на огромен дел од инфраструктурата во овие година и пол војна на Украина не и се случило да има недостаток на дизел или бензин.

„Пратките гориво главно доаѓаат преку железница од Полска. Друг дел од горивото доаѓа од Словачка и Унгарија преку нафтовод, а дизелот од Романија од бродови со претовара на железница,“ објаснува аналитичарот на Институтот на централна Европа, Микал Пасковски.

28 јули 2023 - 12:16