Украинските роботи ја извојуваа својата прва победа

Бригада на Украинската национална гарда извела успешна операција изведена целосно од роботи, без никакво учество на човечка сила. Биле користени копнени роботи и аеро дронови за напад на руските позиции во Харковската област. Бил тоа имресивен технолошки потфат но истовремено и загрижувачки знак на слабост на исцрпените украински војници.

„Станува збор за координирана употреба на десетици единици роботска и беспилотна опрема истовремено, на мал дел од фронтот“, објасни портпаролот на 13-та бригада на Националната гарда.

Автоматизираните копнени возила имаат доста ограничена употребна вредност и далеку се од тоа да ја заменат човечката пешадија, пишува Дејвид Акс за Форбс. Тоа што бригада на националната гарда морала да го замени целиот персонал, доволно говори колку малку луѓе брои, во споредба со руските единици против кои се бори. Таа бригада брани линија на фронтот долга осум километри околу градот Хлибока, јужно од украинско-руската граница. Карши има најмалку четири руски полка. Тоа не е повеќе од 2.000 Украинци наспроти околу 6.000 Руси.

Односот е приближно ист по целата фронтова линија од 1.300 километри. И покрај тоа што Русите претрпуваат повеќе жртви од Украинците, и натаму се далеку побројни.

Проблемот е што роботите се добри во следење и напаѓање, но се многу лоши во држењето на позицијата. Дополнително, машините се расипуваат а нивните радио врски се ранливи. Нејасно е дали 13-тата бригада воопшто се обидела да ги задржи руските позиции што ги расчистила во целосно роботизираниот напад.

По речиси три години војна, Украина несомнено е во врвот на воената роботика, но нејзината иновативност е делумно реакција на нивниот очај да регрутираат доволно војници за да им парираат на Русите.

27 декември 2024 - 22:21