Три бои Америка

Имаме три актуелни изјави во врска со политиките на Соединетите Американски Држави, од три различни страни на светот. Од Германија, од Мексико и од Замбија. Никој од присутните не е про-Путин, про-Пекинг или нешто слично. Просто, кога се зборува за семоќната империја им е докурца. 

Пратеничка на германскиот Бундестаг ги повика САД конечно да ги повлечат своите војници од Германија и со себе да го земат нуклеарното оружје. „После 78 години, време е да си одат дома. Сите други сојузници одамна го направија тоа“.

„Американската администрација остава впечаток дека не сака сојузници, туку вазали,“ изјави пратеничката на германската Левица.

************

Откако САД почна да му се заканува на Мексико по најавите дека ќе го национализираат литиумот, мексиканскиот претседател Андре Мануел Лопез Обрадор гласно порача дека Мексико не ни е колонија ни протекторат на Америка.

„ Соработка ДА, потчинување НЕ! Да живее Мексико!“, порача Обрадор по повод 85 годишнината од национализацијата на нафтата.

*************

„Америка нема морално право да ја учи Африка на демократија,“ изјави лидерот на опозицијата на Замбија за време на посетата на Камала Харис.

„Земја која собори толку многу влади во Африка и направи толку многу пучови во Африка и во другите делови на светот. Земја која уби толку многу наши лидери во Африка и во другите делови на светот.  Атентаторите на Патрис Лумумба, атентаторите на Кваме Нкрумах, атентаторите на Насер и атентаторите на Моамер Гадафи ќе дојдат денес да нè научат за демократијата. Земја која е изградена на брутална сила, на ропство на други човечки суштества, на понижување на Африканците и на експлоатација на Африканците ќе дојде да нè учи на демократија. Ако немате почит за достоинството на другите, ако не го почитувате суверенитетот на другите земји, не можете да тврдите дека сте „шампион на демократијата“, изјави Фред М'мембе..

1 април 2023 - 09:33