Светот во 2015-та според ЦИА

Кон крајот на 2000-та американските разузнавачки служби објавија документ од 85 страни со предвидување за тоа како ќе изгледа светот во 2015-та. 50-50 се.

Она што го погодија е:
- финансиска нестабилност
- се поголема економска поделба
- Кина е се понаметлива
- Северна Кореја ќе се заканува со оружја за масовно уништување
- има се поголема нелегална имиграција во САД од Централна Америка
- авторитарна Русија која "останува внатрешно слаба и институционално поврзана со меѓународниот систем примрано преку постојаното седиште во Советот за бебедност на ОН"
- Среден Исток раздорен од демогравски притисоци, социјални немири, религиозен и идеолошки екстремизам и тероризам

Она што го кажаа, а не се случи е:
- нова палестинска држава
- Ирак добива нуклеарно оружје
- Јапонија паѓа од позицијата трета најголема економија во светот
- наместо поделба меѓу про-руски и про-западни блокови, беше предвидено ослободување на Украина од руското влијание
- ќе заврши комплетната интеграција на сите европски земји во ЕУ
- обединување на Кореја (иако ова и самиот извештај признава дека е малку веројатно)
- појавување на терористичка анти-западна коалиција со пристап до оружја за масовно уништување
- Кина ќе бара од Јапонија да се откаже од нуклеарната програма

2 јануари 2015 - 14:21