Од интервјуто на Доналд Трамп со Хју Хјулит, на тема меѓународна политика:
- Познат ви е генерал Солеимани?
- Познат ми е, ама ајде, кажете ми нешто за него.
- Тој ја води специјалната единица на Иранската Револуционерна Гарда (на аглиски: Quds Forces).
- Да, ок, знам.
- Дали очекувате тој да се однесува....
- Курдите беа ужасно третирани.
- Не, не мислам на Курдите.
- Да, да.
- Ова се лошите.
- Добро.
- Дали очекувате неговото однесување да се смени поради...
- Видиш, а јас слушнав Курди, Курди.
- Не, не.
„Да, да, сме го јаделе“, пишавме на 4 септември 2015 година во статијата „Зошто Доналд Трамп е опасен?“ пренесувајќи делови од интервјуто на тогаш само кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, во кое тој покажа раскошно непознавање на меѓународната политика и сцена. Меѓу другото, не ги разликуваше Хамас од Хезболах ама затоа вети дека ќе ги научи кога ќе дојде време.
Но ако Трамп беше блажено неупатен, CNN беше убедлив во неговото профилирање. Само пред неколку години, тие ударнички ја пренесоа оценката дека Сулејмани бил мозокот и движечката сила (на елитните) кој стои зад поразот на ИСИС.
Денес Сулејмани и Иранците се терористи и ве молиме да верувате во тоа, да не треба некој грант и за тоа да дава.