До средата беа дадени над 675.000 дигитални потписи на 69 различни петиции за отцепување од САД, во кои има по барем една петиција за секоја од 50-те сојузни држави.
На страна желбата на Тексас, има уште 6 сојузни држави чии петиции собрале над 25.000 потписи, бројка по која администрацијата на Обама ветува дека ќе назначи човек за разгледување на конкретната петиција.
Овие 6 држави се: Алабама, Флорида, Џорџија, Луизијана, Северна Каролина и Тенеси.
Истовремено гувернерот на Тексас, Рик Пери, порача дека тој на ниту еден начин не ја поддржува идејата неговата држава да побара самостојност.
Паралелно со овие беа поставени и две петиции на граѓани на Тексас, од кои едната бара "Белата куќа да почне да вложува повеќе пари во образованието во Тексас, бидејќи не сака луѓе со ментален дефицит да ја преставуваат државата (за потписниците на петицијата)," а во другата граѓаните на Ел Пасо побараа да им биде дозволено отцепување од Тексас.
Во понеделникот вечерта на сајтот беше поставена и петиција во која се бара на сите кои потпишале петиции за отцепување од САД да им биде одземено американското државјанство.