Што се може со американскиот воен буџет?

Воениот сектор на САД секоја година цица сè повеќе ресурси на земјата а светот никако да стане помирољубив или подемократски. Следната година за Пентагон ќе се одвојат 717 милијарди долари, повеќе од половина од вкупниот државен буџет. Тоа е двојно поголемо ниво од она што за воени цели Америка го трошеше во 90-тите, пред Буш да почне да ги усреќува Авганистан и Ирак. Што сè се може со тие 717 милијарди долари?  

Здравство за сите

Убедливо најскапата цивилна операција која и прогресивниот Барак Обама ја изведе траљаво. Буџетот на Пентагон би бил само нешто пократок (за 12 милијарди долари) за да обезбеди целосна покриеност со здравствени услуги на 200 милиони деца и возрасни кои сега немаат осигурување или се на приватно. Студии велат дека со добро смислен здравствен проект за сите, вкупните американски трошоци за оваа област би можеле да се скусат за 2 трилиона (милион милијарди).

Бесплатен колеџ

Со парите од американскиот воен сектор би можело да се обезбеди бесплатно школство за 21 милион студенти, повеќе отколку што вкупно ги има низ образовните институции во земјата.

Помош во храна

Додека на Пентагон галантно му се доделија 717 милијарди долари, во Конгресот се дебатира за предлогот во наредните 10 години да се скратат 24 милијарди долари за бонови за храна и други видови асистенции за сиромашните. Предложените кратења ќе резултираат со тоа што 3 милиони Американци ќе останат без тој вид помош. А тоа би се избегнало ако годишниот буџет на Пентагон би се скратил само за половина процент, односно за 2,4 милијарди долари.

Планирано родителство

Дури и да не се смени актуелната матрица за рестрикции на абортусот, со еден годишен буџет на Пентагон би можеле да се алиментира сегашното ниво на програми за контрола на раѓање и гинеколошки прегледи до 3336-та година.

Редукција на емисиите од фосилни горива

Американскиот воен буџет (од кој речиси половина оди на договори со приватни контрактори). би можел комплетно да ги покрие оние годишни 200 милијарди долари кои според една студија се потребни за да се постигне намалување на штетните емисиите за 40% до 2035 година. Истите тие инвестиции во таа област би креирале 2,7 милиони нови работни места.

Поправка на инфраструктурата

САД имаат очајна потреба од сериозни инвестиции во инфраструктурата: патишта, мостови, училишта, водоводни системи и слично. Милиони Американци на чешма добиваат вода за пиење која не одговара на пропишаните здравствени стандарди. Американската асоцијација за инженерство неодамна ја оцени вкупната американска инфраструкутра со 2+. За значително подобрување на таа оценка би бил потребно кратење на парите за Пентагон за 28% во следните 10 години. И пак на Пентагон би му останале повеќе пари отколку што имал во 90-тите.

„Со кратење на буџетот на Пентагон за 300 милијарди долари, што би ги позиционирало на нивото на 90-тите, би се финансирале еден куп работи кои чекаат дома а истовремено би се ослабела способноста на американската воена сила да прави штети по светот,“ заклучува Линдзи Кашгариан, програмска директорка на еден проект за национални приоритети.

26 септември 2018 - 17:12