Моментално Путин тера најдолг мандат по Сталин во пост-кралска Русија, толку долг што на последната победа тој јавно порача - аман не планирам да работам после 2024.
Иако ова уште стои, властите моментално работат на воведување на уставни амандмани на тема овластувања околу мандати и слично. За сега не се споменува опцијата за укинување на ограничувањето на максимум два последователни мандати за рускиот претседател, но стравот е дека во моментот кога ќе се отвори уставот и оваа опција ќе успее да се мушне во пакетот промени.
Сегашната намера е промена на изборниот систем, која се доживува како обид на владејачката Обединета Русија да ја задржи контролата во Думата на изборите 2021, што пак би му овозможило повеќе простор за маневар на Путин, за не дај Боже.
Една од промените е дека Думата би требало да има повеќе овластувања при формирањето Влада, што од првиот човек на Думата беше објаснето како средување на „недостатокот на неопходен баланс меѓу работата на законодавната и извршната власт“.
Туркањето на ваквите промени се смета за знак дека досегашните обиди на Кремљ за задржување на Путин на власт не вродиле со плод. Еден од плановите беше да се убеди Лукашенко Белорусија да се спои со Русија, по што Путин би ја преземал власта на заедничката држава. Овој план пропадна. Истовремено, казахстанското сценарио во кое Назарбајев изненадно се повлече од власт, но ги задржа овластувањата во надворешната политика и безбедноста, се сметаат за неизводливи во Русија.