Вечерта кога е избран за претседател на Франција, Оланд во Париз пристигна во Рено Скеник. Кога влезе во Елисејската палата, тој го замени Скеникот, за невообичаено скромниот - Цитроен ДС5, а во гаража остави цела ергела блиндирани Пежоа, Цитроени и Реноа.
Ветувањето дека ќе биде "поинаков претседател" Оланд го исполни уште на почетокот. Тој ги врати неделните телевизиски интервјуа, кои беа воведени од Митеран а укинати од Саркози. Ги укина и сите службени возила и на тој начин заштеди 345 милиони евра, кои планира да ги вложи во истражувачки институти и вработување на 2560 млади научници.
Игнорирајќи ги заканите на богаташите дека ќе се преселат во Лондон, тој го зголеми данокот на сите што заработуваат над 5 милиони евра годишно на 75%.
Плус и ја укина помошта на црквата во висина од 2,3 милијарди долари и со тие пари планира да изгради 4500 градинки и 3600 основни училишта.