Информацијата ја објавува Њујорк тајмс во текст за тоа како Обама го минува слободното време по завршувањето на работниот ден:
"Исто така има време и за фантазирање како ќе биде по напуштање Белата куќа. Г-дин Емануел, кој сега е градоначалник на Чикаго но останува близок со претседателот, вели дека тој и г-дин Обама фантазирале како се селат на Хаваи и отвораат продавница за маички која продава само една големина (медиум) и една боја (бела). Нивниот сон бил дека повеќе нема да мора да носат одлуки.
За време на тешките состаноци во Белата куќа кога ниту една добра одлука не била веројатна, г-дин Емануел понекогаш се вртел кон г-дин Обама и коментирал 'бела', на што г-дин Обама одговарал 'медиум'."
Меѓу останатите детали што ги објавува Њујорк тајмс се дека:
- Обама секоја вечер како ужина јаде 7 солени печени бадеми. Иако работи и во текот на вечерта, ретко кога пие кафе.
- Со Мишел ги гледаат "Boardwalk Empire," "Game of Thrones," и "Breaking Bad."
- Од весници ги чита Њујорк тајмс, Вашингтон пост и Вол стрит журнал.
- Спие отприлика 5 часа на ден - си легнува по полноќ а станува во 7 часот.
Комплетниот текст на Њујорк тајмс, тука