Олаф Шолц до Германците: Да не одите порано во пензија

На најголемата европска економија секоја година ѝ се потребни стотици илјади нови работници за да ги заменат оние кои одат во пензија. Канцеларот Олаф Шолц сега ги повикува оние над 60 години да не бидат себични и брзо-брзо да уплаќаат одмори по Тајланди. Криза доаѓа.

Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека ќе се обиде да го намали бројот на луѓе кои предвремено се пензионираат за да ја спречи потенцијалната криза во јавниот пензиски систем во земјата.

Економистите веќе некое време предупредуваат дека најголемата европска економија се соочува со недостиг на работна сила, со недоволно работници за замена на оние кои се пензионирале.

"Неопходно ни е да се зголеми бројот на оние кои уште работат а можат да одат во пензија“, порача Шолц.

Иако Германија планира до 2031 година да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 65 на 67 години, сè поголем број работници го напуштаат пазарот на трудот на 63 или 64 години.

Таа можност ја имаат од 2014 година, доколку имаат стаж од 45 години.

Владата проценуваше дека предвреме ќе се пензионираат околу 200.000 луѓе. Меѓутоа, лани таа шанса ја искористиле 270.000 лица.

Бројот на предвремени пензионери изнесува 26,3% од сите нови државни пензии.

12 декември 2022 - 09:51