И покрај тоа што е во само-изолација, Путин бил во Кремљ за да се сретне со претседателскиот пратеник за далекуисточните федерални области, Јури Трунтев, и со министерот за развој на Далечниот Исток и Арктикот, Александер Козлов.
Според портпаролот на Путин, ова не е прекршување на неговиот режим за само-изолација, бидејќи тој не посетува јавни места и нема средби со големи групи на граѓани.
Дмитри Песков објаснува дека по ново секогаш кога Путин се среќава со некого лице в лице, учесниците претходно се тестираат за ковид-19.
Откако новинарите му реплицирале на Песков дека Путин и понатаму се ракува со функционерите кои ги среќава, портпаролот на рускиот претседател изјавил:
„Путин се ракува со луѓето кои внимателно се проверени. Па во таков случај, претседателот има право да избере како ќе се поздрави и кој начин го смета за соодветен.“
Се уште нема никаков абер другиве двајца што биле на состанокот дали патувале од Далечниот Исток до Москва, каде престојувале и како ќе се вратат.