Одделот на Маск веќе заштеди милијарда долари дневно

Илон Маск си даде задача да скрати и заштеди три милијарди дневно непотребни трошоци на државата и нејзините агенции. Со досегашните резови дојдено е до милијарда долари. Зошто медиуми толку шизат? Што не чини со намалување на непотребните државни трошоци и јавниот долг? Се разбира, ништо. Поинаква е нивната мака.

Бргу по преземањето на Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп, како што вети за време на кампањата, го назначи Илон Маск и новиот Оддел за владина ефикасност (DOGE) да ги истражуваат  јавните трошоци на државата и нејзините агенции, за да се најдат непотребни трошоци, да се балансира буџетот и да се намали јавниот долг на земјата.

Сосема очекувано, ова предизвика голема врева меѓу медиуми и невладини.

„Новинарите дивеат на сите страни, а како и обично, се покажа дека кучето не лае за селото, туку за себе - добар дел од парите на американските даночни обврзници отишле во приватни и „независни“ медиуми во САД и во други земји во светот“, пишува Марио Накиќ во Либерал.

Меѓу примателите биле Ројтерс, Њујорк Тајмс, Политико, Асошиетед прес, Би-би-си и многу други медиуми. За помалку од две недели, „специјалниот оддел“ на Маск откри големи дупки низ кои со години протекувале парите на Американците, заштедувајќи им вкупно околу една милијарда долари дневно. 

* Листа на македонски „уживатели“ на американски пари имате ОВДЕ

Дел од останатото сработено: 

- раскинати 78 договори со приватни компании од категориите медиуми, консалтинг и ДЕИ (диверзитет, правичност, инклузија), меѓу кои и оној за „истражување и проценка на подземните води во Исламска Република Мавританија“ - вкупна заштеда од 110 милиони долари месечно.

- 68 раскинувања на консултантски договори (во администрацијата, внатрешните работи и образованието) за вкупна заштеда од околу 100 милиони американски долари месечно.

- укинување на киријата за празни и неискористени простори, за заштеда околу 2 милиони долари месечно.

- елиминирање на канцелариите на DEI во околу 30 државни агенции, со заштеда над 1 милијарда долари годишно.

Има и тотално луди работи. УСАИД финансирале 45 милиони евра месечно за обука за ДЕИ во Бурма, 520 милиони долари месечно за консултации во африканските земји и 1,2 милијарди долари награди за непознати приматели. 

Сето тоа е укинато. Целта на Маск е да оствари заштеда од 3 милијарди дневно, што би значело дека ќе заштеди над 1 трилион долари во буџетот за една година. 

Се поставува логично прашање - зошто медиумите толку шизат? Што не чини со намалување на непотребните државни трошоци и јавниот долг? Се разбира, ништо. Шизат затоа што сега ќе треба да најдат начин да преживеат со сопствен труд на пазарот, како чесни луѓе“, пишува Накиќ и посакува и Хрватска и нејзината медиумска сцена да тргне по тој пат.

11 февруари 2025 - 10:06