Во ноември 2023 година, Центарот за спротивставување на хибридни закани на НАТО објави вознемирувачки „работен документ“: „Хуморот во онлајн информациската војна: Студија на случај за војната на Русија против Украина“.
Тој не доби мејнстрим внимание, но содржината нуди невиден увид во итроштините на Алијансата да манипулира на социјалните медиуми за да се нарушат перцепциите на јавноста и да се добие согласност за војна.
Истовремено, сериозно се разгледува прашањето за онлајн „тролање“ на дисидентските гласови.
Работниот документ навидум само „разгледува примери на хумор што се користат ефективно за да се спротивстават на дезинформациите и пропагандата во онлајн просторите“ и се заклучува дека „одговорите засновани на хумор...во информативниот простор и во физичкиот свет даваат повеќекратни придобивки“ за Украина и НАТО.
Се препорачува западните држави, војската и безбедносните и разузнавачките служби да ја совладаат уметноста на онлајн потсмев под покровителство на „контра- дезинформации“. Се тврди дека „хуморот... досегнува до делови што другите контрамерки – како што е проверката на фактите или едукацијата на медиумските консументи – не можат“. Се вели дека масовното распоредување на мимови/мемиња „ја има предноста да ги искористи алгоритмите на платформите и да стигне до „публиката која не е склона да консумира „досадни“ производи“.
Во меѓувреме, секој корисник на социјалните мрежи што отстапува од наративите одобрени од НАТО може да биде подложен на интензивно онлајн вознемирување и дискредитирање „меѓу широкиот сектор на интернет публиката“, ако не и целосно да биде застрашен од дигиталните информативни простори. Работниот документ се залага за создавање армија на „приватни граѓани“ за таа цел.
Се цитира и технолошкиот гуру Џеф Гизеа:
„Тролањето е еквивалент на герилска војна на социјалните мрежи а мимовите се валута на пропагандата“.
Во првите 18 месеци од прокси-конфликтот, „руските неуспеси“ и „украинската решителност“ апсолутно доминираа во покривањето на војната во западните медиуми. Наративот беше дека инвазијата е катастрофа и огромен срам за Москва иако Украина за само неколку недели беше економски и воено осакатена. „Специјалната воена операција“ не се занимаваше со освојување на секоја педа од земјата, туку со принудување на владата на Зеленски да ги спроведе Минските договори и да прогласи неутралност. Ова беше речиси постигнато во април 2022 година преку мировните преговори со посредство на Турција. Но, тогашниот британски премиер Борис Џонсон се нацрта во Киев и им кажа дека нема преговори и да продолжат да се борат.
Долгоочекуваната украинска контра-офанзива која започна во јуни 2023 беше повод и за меме-офанзива, па интернетот беше преплавен со мимови: украински дечки уживаат на плажа на Крим, „орки“ бегаат од „леопардите“....
Во рок од само еден месец, Украина загуби 20% од возилата и оклопите што ги испорача Западот, без ништо да се каже за тоа. Контраофанзивата заврши на крајот на 2023 година, со вратена само 0,25% од територијата.
Во декември таа година „Вашингтон пост“ објави опсежна посмртница за контраофанзивата. Меѓу другите неуспеси, фатална грешка во планирањето надгледувани од Пентагон беше претпоставката дека Русите ќе се разбегаат, што не се случи, потсетува Кит Кларенберг:
„Се чини дека Украинците беа испратени во самоубиствена мисија затоа што западните воени апаратчици поверуваа во симплистичкиот и погрешен пропаганден наратив за „рускиот крах“ наспроти „украинската решителност“. Храброста и снаодливоста не се доволни за справување со нагазни мини, тенкови, борбени авиони, артилериски гранати и друго воено оружје“.