Минатата недела Бајден јавно порача дека Израел претерал во својата реакција на нападот на Хамас, нешто што го повторуваат и други американски функционери.
Пораката на Борел за сите нив е „ако мислите дека премногу луѓе се убиваат, можеби треба да им испраќате помалку оружје... за да спречите толку многу луѓе да бидат убиени. Нели е тоа логично?“
Идентично нејасни на Борел му се плановите за евакуирање на Палестинците од Газа.
„Ќе ги евакуираат? Каде? На месечината?“ ќе порача Борел.