Со редовност на годишни сезони во март Советот за безбедност изгласа дополнително засилување на санкциите против Северна Кореја, нешто за што малкумина сметаа дека уште има простор. Со иста предвидливост Пјонгјанг одговори со дополнителни тестови и лансирања.
"Малкумина аналитичари очекуваат Ким Јонг Ун, кој толерира распространет глад и неухранетост на својот народ, да се откаже од својата програма пред да развие технологија со која ќе може да изврши нуклеарен напад на САД," објаснува Камбиз Форухар во Блумберг.
Слично во април беа обновени санкциите против Јужен Судан. Додека соседен Судан веќе 13 години е под санкции, а претседателот Умар ал Башир кој е првиот актуелен претседател обвинет од Меѓународниот суд за човекови права и понатаму успева да се задржи на власт.
Во изминатата деценија вкупно 16 држави биле под санкции на О.Н., двојно повеќе отколку во 90-те, што според првиот човек на американската државна благајна, Џејков Лев, станува проблем затоа што државите почнуваат да ги сметаат "санкциите за магичен куршум."
"Мора да се пазиме од импулсот премногу лесно да посегнуваме по санкциите, или да ги активираме за ситуации во кои тие имаат незабележано влијание," порачува Лев.
Студија на Браун Универзитетот од 2013-та, анализира 22 санкции на О.Н. од 1991-ва. Заклучокот е дека тие довеле до промена на однесувањето во само 10% од случаите.
Еден од успешни случаи на поставување санкции е иранската криза, каде мерките наметнати во 2006-та дадоа резултат дури минатата година, кога земјата се откажа од збогатување и обработка на нуклеарниот материјал.