Мирот е „зона на забранети летови“ за американската интелектуала

Се чини дека Америка е уморна од размислување и само сака да навива. За војната во Украина дилемите се само дали им треба оружје или пак повеќе оружје. Тој што е против војната и повикува да се разгледаат сите опции, тој не стигнува до големите медиуми.

Во есеј од 1979 година, насловен како „Мојот говор кон дипломците“, Вуди Ален вика:

„Повеќе од кога било во историјата, човештвото се наоѓа на крстопат. Еден пат води кон очај и тотална безнадежност. Другиот води кон комплетно истребување. Да се молиме да имаме мудрост да го избереме вистинскиот пат“.

Вуди сатирично го коментираше уверувањето дека секогаш постојат добри избори во животот. Не секогаш. Некогаш крстопатите ни нудат само различни рути до пеколот.

Неодамна и Ноам Чомски ја допре оваа нијанса, говорејќи за актуелната ситуација во Украина. Го имавме на таа тема во статијата „Се приближуваме до најопасната точка во човечката историја“ но смртниот грев го направи во интервју за „Current Affairs“каде како ЕДНА ОД ОПЦИИТЕ наведе преговарање со Путин.

Очекувано, по стариот тргнаа толпите „праведници“ од Твитер кои го прогласија за навивач на геноцидно решение, марионета на Кремљ, хејтер на Америка, фан на диктатори од Пол Пот до Слободан Милошевиќ...

Мат Таиби со жалење констатира дека гласови скептични кон војната денес можат евентуално да се слушнат на Фокс њуз, но не и на другите големи мрежи. Просечен консумент на традиционалните медиуми денес слуша само за дилемата дали се доволни санкции и многу оружје или треба подиректно да се зачекори во конфликтот.

Просечен американски медиумски консумент денеска веројатно не ни слушнал дека Зеленски, освен што бара оружје, од САД секојдневно бара и дипломатска помош. Дипломатијата едноставно не стигнува до насловите. Примери:

„Зеленски ги зајакна критиките кон Запад, бара повеќе оружје и санкции“ (Вашингтон Пост), или „Украина бара поголема воена помош“(Вол Стрит Журнал), или „Украина бара воена помош, еве како сојузниците помагаат“ (CNN).

Пазете ја оваа компилација од прашања за Џен Псаки од Белата куќа. Цела таа камарила новинари ги интересира само оружје и воени опции. Само еден од сите нив (Рајан Грим од Интерсепт) успеа да постави прашање дали и како САД ќе одговорат на украинските барања за дипломатска помош.

Не е ова нова медиумска ситуација за Америка. За време на окупацијата на Ирак, од вкупно 840 владини и воени извори кои биле цитирани во морето вести за Ирак, само четворица биле против војната.

„Се чини дека Америка е уморена од мислење и сака само да навива, Само што, некогаш нема за што да навиваш. Освен ако не си директор во Рејтеон, сите опции се одвратни“, пишува Таиби.

Патем, Рејтеон е еден од најголемите воени конгломерати за оружје и разузнавање кои во ситуации како што е украинската, имаат многу причини за радување.

А какви се тоа злотвори, видете подолу. Дегените се фалат дека ги произвеле првите еко-френдли против-воздушни ракети (?!)

27 април 2022 - 20:34