Моралниот компас на многумина интелектуални дисиденти недвосмислено ја осудува агресијата на Путин но вели дека на прашањето зошто тој се реши на таков чекор, постојат два начина на размислување:
„Едниот начин е сега модерен на Запад, војната да се толкува како производ на изопачениот ум на Путин и да се обидува да се сфати што тоа се случува длабоко во неговата психа.
Но, вториот начин е малку да се погледнат фактите, на пример дека во септември 2021 година, САД излегоа со силна политичка порака дека ќе ја зголемат воената соработка со Украина и дека ќе продолжи испраќањето напредно вооружување како дел од планот Украина да стане членка на НАТО.
Одберете кој начин го сакате. Јасно е само дека Украина дополнително ќе биде уништувана. Се приближуваме до катастрофална нуклеарна војна и никој не ги користи шансите да се преговори некаков договор“.
На аргументот дека најголемиот став на Путин не му е опколувањето од НАТО туку ширењето на либералната демократија блиску до руските граници, Чомски одговара:
„Путин не се секира за демократијата до толку. Ако е можно за момент да излеземе од пропагандниот меур, САД имаат долго досие за поткопување и уништување демократии. Треба ли да набројувам? Иран 1953 година, Гватемала во 1954, Чиле во 1973-та.... итн, итн. А сега демек треба да ѝ се одушевуваме на посветеноста на Вашингтон кон суверенитетот и демократијата. Тоа што се случило во историјата, не се важи. Тоа е за некои други луѓе.
А што со проширувањето на НАТО? Постои експлицитно, недвосмислено ветување од американскиот државен секретар Џејмс Бејкер и претседателот Џорџ Буш постариот го Горбачов дека нема ни педа да отидат на исток. Околу тоа денес на големо се лаже“.
Уште во 1990 година, Чомски има кажано дека ако доследно се применуваа Нирнбершките закони, секој поствоен американски претседател би бил обесен. Ништо подобро не мисли ни за актуелниот Бајден. Разбирливо е морално да се осудува Путин но не е лошо ни морално да се размислува за децата во Авганистан кои немаат леб да јадат затоа што Америка ги држи авганистанските пари замрзнати во њујоршките банки.
Стариот надежта ја гледа во младите и во силнaтa граѓанскa непослушност.