Макрон нема да ја спаси ЕУ

Брисел знае дека живее на позајмено време. Кога ЕУ олигархијата вели дека победата на Макрон значи дека на Франција ќе може да смета уште пет години, тоа истовремено е признавање дека можеби нема да може на неа да смета уште долго.

За ЕУ, француските претседателски избори беа нешто повеќе отколку само околу иднината на Франција. Ова беше референдум за федералистичкиот проект на ЕУ. Брисел го гледаше Емануел Макрон како претставник на ЕУ, а Марин Ле Пен како егзистенцијална закана што ја носи популизмот.

Затоа олигархијата на ЕУ презеде вонредни чекори за директно интервенирање во француската изборна кампања. Само неколку дена пред гласањето во вториот круг, португалскиот премиер Антонио Коста, шпанскиот премиер Педро Санчез и германскиот канцелар Олаф Шолц издадоа заедничка изјава во Монд, барајќи од гласачите да го изберат Макрон за да се „одбранат нашите заеднички европски вредности“.

Тонот на нивната изјава беше безмалку хистеричен. Тврдеа дека нема разлика Ле Пен и рускиот претседател Владимир Путин. Таквата изјава всушност сугерираше дека гласањето за противкандидатот на Макрон би било рамно на глас за Путин. Не е чудно што ЕУ реагиираше на победата на Макрон со воздишка на олеснување. „ЕУ е воодушевена од победата на Макрон“, Би-би-си. „Можеме да сметаме на Франција уште пет години“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Изјавата на Мишел кажува повеќе отколку што планирала. Таа го обелоденува дека чувството дека ЕУ живее на позајмено време. На Мишел му е јасно дека Франција – втората по големина економија во ЕУ – останува длабоко поделена во врска со иднината на ЕУ и дека Брисел можеби нема да може да „смета на Франција“ уште долго.

Федералистите на ЕУ знаат кој е нивниот проблем. Едноставно, на ЕУ ѝ недостасува легитимитет. Нејзините лидери добро знаат дека многу помалку Европејци се идентификуваат со ЕУ отколку со нивните нации. И затоа, секој стремеж за поголем национален суверенитет го гледаат како закана за иднината на ЕУ. Како одговор, Брисел е подготвен да проба да ги вакцинира граѓаните на ЕУ против привлечноста на нацијата и националниот суверенитет. Како дел од ова, Европскиот парламент месецов усвои резолуција со која се обврзува ЕУ на „заедничка наставна програма“ дизајнирана да ги охрабри младите да прифатат „европски заеднички идентитет“.

Јазикот на оваа резолуција е заситен со вообичаената антипопулистичка реторика. Тој го проектира државјанството на ЕУ како противотров за сè. Преку сите употребени пежоративи, може да се видат вистинските мети на оваа програма за образование - националните чувства и идеалот за национален суверенитет.

Државјанството на ЕУ е шуплива форма на државјанство што нуди формални права додека на граѓаните им го ускратува правото да ги обликуваат институциите што управуваат со нив. Основната цел на државјанството на ЕУ е да се разблажи идентификацијата на луѓето со нивното национално државјанство. Со промовирање на државјанството на ЕУ преку наставната програма, ЕУ се обидува да ги одвои младите од нивната национална заедница и да ја пренасочи нивната лојалност кон институциите на ЕУ.

Малку е веројатно дека оваа про-ЕУ наставна програма ќе му помогне на Брисел да го надмине својот дефицит на легитимност. Исто така, олигархијата на ЕУ не може многу да се утеши од резултатот на француските избори бидејќи резултатите покажуваат дека во Франција има мал ентузијазам за ЕУ. Дури и оние кои гласаа за Макрон се далеку од тоа дека го сакаат. Само го сметаа за помало зло во однос на Ле Пен.

Сè поголем дел од луѓето во Франција и пошироко го сметаат Брисел за вонземјански ентитет. За нив државјанството има значење во контекст на нацијата, а не на ЕУ. Ниту Макрон, ниту „заедничката наставна програма“ нема да го променат тоа, пишува Франк Фуреди.

 

26 април 2022 - 11:13