- Јордан и Обединетите Арапски Емирати почнаа од авиони да пуштаат пакети со храна и друга хуманитарна помош во Газа. Денеска со падобрани испорачале околу 25 тони храна.
- Хуманитарни организации повеќе пати предупредија дека доставувањето пакети со падобрани ни од далеку не е доволно за да ги задоволи потребите на Палестинците. Потребни се 160 летови за да се достави по едвај еден оброк за жителите на Газа.
- Камионите со помош што денеска беа пропуштени беа нападнати од толпа гладни Палестинци.
- Израелските сили објавија дека секој ден по 10 часа ќе ја прекинат офанзивата против Хамас, за да дозволат доставување помош со камиони. Илјадници тони хуманитарна помош се спремни да бидат доставени до изгладнетите палестински цивили.
- Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ѝ дале на Газа 60 милиони долари, а никој не им се заблагодарил.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.