Ленин мрчи, Хитлер се враќа

„Хитлер се враќа“ и „Хитлер е со народот“ се најчестите транспаренти со кои дел од жителите на едно мало перуанско гратче го прославуваат процедуралното расчистување на патот кон вториот градоначалнички мандат на нивниот фаворит. Процедурални забелешки имал Ленин.

Во Перу и цела Латинска Америка родителите често на децата им даваат странски и звучни имиња, без многу да се секираат каква конотација имаат тие имиња во остатокот од светот.

Па така во подножјето на Андите, во едно гратче наречено Јунгар, претстојниот градоначалнички дуел ќе се одвива меѓу Хитлер и Ленин.

На Хитлер Алба ова би му бил втор мандат а во трката учествува откако беа одбиени процедуралните забелешки на неговиот против-кандидат Ленин Владимир Родригез Велверде.

За оригиналниот Хитлер Алба знае толку што само може да каже „Ја сум добриот Хитлер“.

Минатата година, еден младински фудбалски клуб во Перу бил крстен „Осама Винладен“.

23 септември 2018 - 09:49