Во студијата учествуваат 6.000 испитаници од 19 држави, поделени во четири групи. Првата добива пораки од кинеска пропаганда, втората од американската влада, третата по малку од двете, а четвртата е плацебо. Пред и по гледањето на пораките учесниците во сите групи се прашани за економскиот и политички модел на Америка и Кина.
Поддршката за кинескиот модел значително расте меѓу лицата кои гледаат кинески државни медиуми, па оваа група на луѓе на крајот од студијата изјавила дека го претпочитаат кинескиот облик на владеење во однос на американскиот. Успех има и американската пропаганда ама не со толкав обем. Дури и оние што ги гледале и двете содржини на крај биле наклонети кон Кина.
Кинеските видеа не успеале да ги убедат луѓето дека станува збор за демократска држава, ама сосема успешно ја засилиле перцепцијата дека „Комунистичката партија испорачува раст, стабилност и компетентни лидери,“ па во „доба на проблеми со демократијата“ публиката ставила значителна тежина на овие фактори кога ги оценувала политичките системи.
Процените што ги пренесува Економист е дека Ши Џинпинг годишно им дава меѓу 7 и 10 милијарди долари на своите пропагандисти „за добро да ја раскажат кинеската приказна“. Голем дел од овој напор отпаѓа на ЦТГН (China Global Television Network), државниот медиум со десетици сервиси во странство кој емитува програма на 5 јазици.
ЦТГН посебно има успех кај публиката во Африка и Јужна Америка, каде и посебно многу инвестира и работи. Ова е во склад со анкети на ЈуГов и Кембриџ, според кои во Египет, Кенија, Нигерија и Мексико има растечка поддршка за Кина.
Во исто време, во држави како Британија, Франција, Германија или САД било лесно да се отфрли кинеската пропаганда.