Твитот на министерот за надворешни на Иран, Мухамед Џавад Зариф, е придружен со видео во кое советникот на Трамп, Џон Болтон, порачува дека на држава која скандира „смрт на Америка“ и „смрт на Американците“ не може да и се дозволи да поседува нуклеарно оружје.
„Убиј над 3.000 Американци но остани клиент на САД и ќе можеш да имаш нуклеарно оружје - дури и ќе добиеш помош во набавката.
Меѓутоа одбиј потклекнеш пред каприцот на Тимот Б (терминот што министерот го користи за Болтон и првите луѓе на Израел, Саудиска Арабија и Емиратите) и нема да може да поседуваш ниту нуклеарна енергија за цивилни потреби,“ пишува Зариф во својот твит.
Математиката на Зариф се базира на фактот дека 15 од 19-те оперативци на Ал-Каеда поврзани со нападите од 11-ти септември се државјани на Саудиска Арабија (како и самиот Осама бин Ладен). Во нападите загинаа речиси 3.000 лица.
Иран и Саудиска Арабија во 2016 ги прекинаа дипломатските односи откако кралството егзекутираше шиитски верски лидер, а во Техеран беше запалена саудиската амбасада.
Исклучителниот статус на Саудиска Арабија кај американските администрации се гледа и во тоа што таа е единствената држава која ни најмалку не беше укорена од Вашингтон за нејзината набавка на С-400 од Русија.