ЛГБТ заедниците во Франција, Германија и Шпанија сè повеќе се синхронизираат со десничарските партии кои заземаат цврсти ставови за безбедноста на границите и културната асимилација, пишува Алби Аманкона од Спајкд.
Германија нуди најјасен пример. Не само што партијата Алтернатива за Германија (AfD) ја води Алис Вајдел која е во врска со жена од Шри Ланка, туку анкета на повеќе од 60.000 корисници на апликацијата за геј спојки, Ромео, покажа дека АфД е најпопуларната партија меѓу испитаниците, со речиси 28 проценти. Зелените заостануваат со речиси 20 проценти. Централнолевичарската СДП успеа да освои само 12,5 проценти од клиентите на Ромео.
Според ЛГБТ магазинот Тету, францускиот Национален собир има најмногу геј пратеници во парламентот: помеѓу 20 и 25 од 89-те претставници на партијата.
Во Шпанија зе случува подем на Лас Марифачас, група геј инфлуенсери кои изградија врски помеѓу ЛГБТ заедницата во земјата и десничарската партија Вокс. Еден од групата, јутјуберот од Барселона кој е роден во Боливија, Карлитос де Еспања, ја објаснува својата политичка еволуција.
„Исламот не мо остава ноќе да заспијам. Тие ме сакаат мртов, затоа не можам да бидам инклузивен и имам право да се бранам со сите можни средства“.
Трендот постои и во Велика Британија каде Конзервативната партија и Реформистите се натпреваруваат да ги привлечат новите гласачи од политичкото прегрупирање.
Податоците од почетокот на 2024 година покажаа дека приближно 44,7 милиони луѓе родени надвор од ЕУ живееле во нејзините земји-членки, што е речиси 10 проценти од вкупното население.