Европската економија зависи од Џибути

Освен Ормускиот теснец, кој за Иран и неговата преговарачка моќ се покажа како поефикасно оружје отколку да имаа нуклеарка, постојат и други водни патишта кои се клучни за европската и западната економија. Еден од нив е преминот кај Џибути, мала и од Господ заборавена источноафриканска држава на рогот на Африка. Ќе им текне ли?  

Џибути се наоѓа во близина на теснецот Баб ел-Мандеб, кој ги поврзува Црвеното Море, Суецкиот Канал, Аденскиот Залив и Индискиот Океан. Тоа значи дека за да се транспортираат бројни стоки од Азија до Европа и на други места, мора да се помине покрај брегот на Џибути.

Не е тоа некој голем воден пат. Преминот во близина на Џибути е одделен на два дела со остров. Едниот премин е широк 25 километри, другиот само 3,2. Тоа се единствените два начина да се мине.

Речиси една 25% од увозот на Европа зависи од Џибути и неговите водни линии. 12% од целата глобална економија зависи од стоките што минуваат покрај оваа мала источноафриканска нација.

Некој наивен би помислил дека ако е така, тогаш Џибути мора да е Дубаи на Африка. Дека државите на кои им е потребен се грижеле за него и инвестирале во неговиот успех. Или дека барем Французите го направиле просперитетно место бидејќи го имаат колонизирано француски Сомалиленд повеќе од 100 години, сè до 1977 година.

Ама, не е така. И покрај својата критична локација, Џибути е заглавен во тешка сиромаштија. Според бројките на Светската банка од 2017 година, околу 21,1% од населението живее под линијата на сиромаштија. Над 25% живеат со помалку од три долари дневно.

А не се само парите. Една третина од населението има ограничен пристап во образованието, здравството и основните услуги.

Џибути е уште еден пример за тоа како Западот ги сака плодовите на Африка, но не е подготвен да го плати својот фер дел за да можат африканските нации целосно да излезат од злоупотребата на Западот - колонијално цедење, нефер трговија и слично.

Сака да има се сè што му е од корист од африканската географија без соодветно да инвестира во тамошните луѓе и нивниот живот. Од кобалт за Ајфоните и електрични автомобили, до дијаманти, до какао за чоколади, до водни патишта за евтини кинески стоки.

Можеби е време Џибути да наплаќа патарина. 

29 јуни 2026 - 13:10