
„Американските компании мора да го сфатат влогот што е во прашање. Кинеската комунистичка партија размислува во децении и векови, додека ние се фокусираме на финансискиот извештај за следниот квартал,“ порачал Бар во својот говор во Мичиген.
Посочувајќи го Дизни како пример за американска компанија изманипулирана од Кина, Бар објаснува дека конгломератот потклекнал под барањата на кинеската Влада која на одреден период ги забранила сите нивни филмови. Бар посочил дека Дизни се согласиле на кинески функционери да им дадат улога во менаџирање на паркот што го граделе во Шангај, за по некое време во друг град да се отвори целосно кинески забавен парк со ликови кои многу наликувале на Снежана и други заштитени Дизни ликови.
Тој ја споменува и одлуката не Епл од својата продавница да ја отстрани апликацијата на новинскиот сајт Кварц, откако кинеската влада се пожалила за начинот на кој тие ги покриваат протестите во Хонгконг. Епл претходно имаше избришано повеќе апликации за ВПН кои служат за заобиколување на кинескиот државен фајрвол.
На страна сервилноста, Бар ги предупреди американските компании дека се главни мети на операции за вршење притисок од кинеската влада.