Самото видео по себе беше пишурија, посебно што новинарката Клариса Вард, го нарече еден од најисклучителните моменти на кои сведочела во нејзиното 20-годишно известување.
Подоцна се утврди дека чедниот затвореник всушност бил Салама Мохамад Салама - поручник во разузнавањето на сириските воздухопловни сили со долга историја на наводни воени злосторства.
„Подоцна го истражувавме неговото потекло и свесни сме дека можеби ни дал лажен идентитет“, призна CNN за The Post.
Тој им рекол дека се вика Адел Гурбал, дека бил уапсен од режимот пред три месеци и дека првпат слуша дека Асад е соборен.
На медиумот му се брзало да излезат со „драматичната“ снимка на добро негуван човек кој иако три месеци не видел сонце, можеше да гледа во небото без да трепне.
Со други зборови, Си-Ен-Ен не спроведе адекватни проверки и верификација на елементите на приказната, доведувајќи ги гледачите во заблуда со непроверена приказна во која нивниот посакуван наратив беше поважен од вистината.
Попознат како „Абу Хамза“, Салама работел на неколку безбедносни контролни пунктови во Хомс и бил вклучен во кражби, изнуда и принудување на жителите да станат доушници на Асад, им изјавиле локалните жители на проверувачите на факти. Тој, исто така, убивал цивили за време на сириската граѓанска војна во 2014 година - и наводно приведувал и мачел млади мажи под лажни обвиненија, од кои многумина одбиле да платат мито.
Мештаните тврдат дека бил затворен пред помалку од еден месец поради расправија со висок офицер за делење на изнудените пари.