Извештајот се базира на анализа на над 6 милиони страници од тајни документи на ЦИА, во кои се споменува името на пензионираниот психолог од американската авијација, Џејмс Мичел, како соработник на агенцијата кој ја осмислува програмата со напредни техники за испрашување. Извештајот на Сенатот не го идентификува Мичел по име.
По сите овие години Мичел прв пат се појавува пред камера во интервју за Вајс, не може да зборува ништо за својата работа затоа што има потпишано договор со ЦИА за таинственост, ама има што да каже.
- објаснува дека комплетно не му е прифатливо дека е лошо да му удриш некоја заушка на (воен) затвореник, ама ок е да истуриш хелфајр проектил сред семеен пикник и да ги убиеш сите.
- никој не очекувал директни информации од измачувањето, туку поентата е кај затвореникот да се создаде привид на стварно лош полицаец, за затвореникот да се отвори пред добриот полицаец. Тој лично не верува дека воопшто имало случај затвореник да издаде информација за време на самото измачување.
- тој цитира неколку книги напишани на темата, во кои се објаснува дека работата на најмениот соработник е да отиде во затворот, таму да следи каков отпор дава затвореникот, и врз основа на тоа да им даде предлог на ФБИ и ЦИА тимовите кои ја спроведувале истрагата.
- 2002-ра Њујоркер прв пат го споменува името на Мичел како автор на програмата за испитување.
- Мичел се пензионира од авијацијата во август 2001-ва. Меѓутоа веднша по 11-ти септември се јавува на еден контакт, и му кажува дека "сака да биде дел од решението" без притоа воопшто да има поим за што се работи. Во еден разговор со контактот му кажува "некој треба нешто да направи во врска со ова," на што добива одговор "ако ти не си спремен да го направиш тоа, како тогаш тоа би го побарале од некој друг."
- Во врска со обвинувањата објаснува: 100% треба да бидам одговорен за работите кои сум ги направил, а 0% за работите за кои луѓето мислат дека сум ги направил.