Америка има речиси па 800 милијардери

САД отсекогаш имале милијардери, ама толку многу милијардери, никогаш, моментално над една четвртина од сите милијардери во светот.

Додека на американските улици се демонстрира против секаков вид на неправда, а по дома се страда од глобалната пандемија со ковид-19, богатството на најбогатите луѓе низ САД не ни помислува да запре со растење.

Овие неколку месеци пандемија беа баснословни за технолошкиот сектор низ светот, каде има 8,4% повеќе милијардери споредено со крајот на 2019.

Крајот на 2019, САД го завршуваат со вкупно 788 милијардери. Само три години претходно, на крајот од 2016, САД имаше 620 милијардери.

Најголем број на милијардери во САД има Њујорк, 113.

Колку за споредба, второпласираната по богаташи Кина со три пати повеќе население од САД, има два пати помалку милијардери.

Пред само неколку дена беше објавено дека пред домот на Џеф Безос во Вашингтон ДЦ демонстранти поставија гилотина.

2 јули 2020 - 12:30