Над половина од возрасните жртви на ковид-19 починаа во домови. Постојат две главни причини за тоа: институционалната неодлучност тие да се хоспитализираат и ригидните правила за давање кислород.
Се оценува дека правилата за праќање во болница биле престроги па ретко кој од овие луѓе добил прописен болнички третман. Згора на тоа, службите за нега во домовите не смееле на своја рака да даваат некому кислородна поддршка за што требало да се добие дозвола од лекар специјалист.
Овие две несреќно испланирани ситуации доведоа до тоа во тие домови коронавирусот масовно да коси луѓе. Повеќето од 3.700 жртви се далеку над 70 години но има доста починати и на возраст на која човек може да се очекува да се поживее уште доста.
Луѓе од Прва помош велат дека речиси никогаш не добивале повици од старечките домови а капацитети има, за што сведочи комплетно празната теренска болница за ковид-19 на периферијата на Стокхолм.
Во поглед на старите, Германија се покажа далеку поефикасна. Тамошната асоцијација за помош на стари и изнемоштени лица соопшти дека ама баш секој пациент со симптоми бил прегледан и следен од доктор а во некои случаи цели домови биле префрлувани во болници.
Шведска вети дека темелно ќе го преиспита овој дел од стратегијата кога ќе заврши акутната фаза на епидемијата но веќе најави одвојување на околу 200 милиони евра за обуки и креирање дополнителни 10.000 позиции за асистенти и негуватели во домовите за стари лица.