500 милијарди долари годишно за инвестирање во природата

Парите секоја година треба да се собираат на глобално ниво, а ги бара Дејвид Атенобороу во име на сите што живеат на планетава.

.Апелот доаѓа од еднодневниот самит на Обединетите нации, на кој се разговараше за заштита на дивиот свет на планетата.

Процената е дека денес на светско ниво годишно се трошат меѓу 80 и 90 милијарди долари на заштита на дивиот живот и природата.

„Нашиот природен свет денес е под поголем притисок отколку кога и да е во човековата историја, и иднината на целата планета - од која зависи секој еден човек - е во смртна опасност.

Се уште имаме шанса да ја надоместиме катастрофалната загуба на биоразновидност, но времето истекува,“ порачал Атенобороу.

Во понеделникот Британија, Канада и други држави придружени од ЕУ ветија дека до 2030 ќе заштитат 30% од својата територија и мориња. Целта на О.Н. е ваквата заштита да се воведе на глобално ниво.

1 октомври 2020 - 15:29