Хрватски топ-листи

10 причини зошто ЕУ е на работ од распадот

Вечерњи лист пишува дека по почетните пукнатини во 2016 следната година ќе биде клучна за опстанок на Унијата, "која до пред некое време беше симбол на стабилност и просперитет".

Следната година во ЕУ избори ќе има во Франција, Италија и Германија, и во сите три, повеќе или помалку, крајните десничари се меѓу најсериозните кандидати за победа. Ваков развој на настаните ќе има погубни последици за Унијата.

Колку тоа и да изгледа како ненадминлива закана, таа ни од далеку не е единствениот сериозен проблем со кој треба да справи унијата.

Топ листата е:

1. Должничката криза и диктатурата на штедењето
Агонијата која во најголем дел ја опустоши Грција, а нешто помалку разорна беше за уште неколку ЕУ земји од југот создаде омраза кон идејата за Европската унија кај добар дел од населението.

2. Растечка нееднаквост
Иако рецесијата е завршена, се уште трае и расте раслојувањето на општеството и се создава сè поголем општествен јаз, а се намалува средниот слој на граѓани.

3. Поделбата на север и југ
Повеќе од кога и да е ЕУ е поделена на два дела, на богати земји на северот на континентот и сиромашни држави на неговиот југ.

4. Доминантна Германија
Германија е доминантна земја во Европската унија и таа нејзина улога, не по волја на Берлин, би можела да се засили, што создава анимозитет кај некои нејзини членки.

5. Преголема регулираност
Претераната бирократија и пререгулираноста на речиси секој сегмент на општеството во ЕУ во кое се пропишуваат и потполно непотребни прописи.

6. Недостаток на визија
Денес никој со сигурност не може да каже во кој правец треба да се движи Европската унија и на кој начин треба да се развива.

7. Потпирање на САД
Во одредени сегменти ЕУ како да не водеше своја политика туку ставовите ги прилагодуваше кон САД. Со доаѓањето на Трамп ова ќе се промени.

8. Војната во Сирија е непотребна
Европската унија, следејќи го САД, делумно се вмеша во судирот во Сирија, а не требаше.

9. Путин е дежурниот виновник
Недостатокот на свест за вистинските причини за проблемите кои ја потресуваат Унијата доведе до тоа на земјите на ЕУ сега за сè да им е крив Путин.

10. Мигрантска криза
Повеќе од милион луѓе влезе во Европската унија за време на минатиот мигрантски бран. Тоа би можело да се повтори доколку Турција повторно почне да пушта мигранти.

 

10 декември 2016 - 12:20